Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ24 информира дека на ВМРО-ДПМНЕ им бил презентиран францускиот предлог, било разговарано со ВМРО-ДПМНЕ и тие биле во тек цело време.

-Има услови во преговарачката рамки такви какви што се, зависи од нас како држава дали ќе ги исполниме или не, рече Богоев.

Според него, како што вели, но и според голем дел од јавноста преовладува мислењето дека токму понудата за влез во Влада влијаела ВМРО-ДПМНЕ да го омекне ставот за уставните измени. Богоев рече дека од кажанато на протестите од минатата година во налет на еуфорија сега е тешко да се излезе.

-Генералните работи ги договоривме, затоа формиравме работна група и чекаме ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претствници. Се надевам дека тие нема да ги разочараат граѓаните. Ако не успее овој план А, тогаш одиме на план Б, а тоа е да разговараме со секој пратеник поединечно од опозицијата за да најдеме истомисленици за европскиот пат, а не со некои што би сакале да не однесат на исток, истакна потпретседателот на СДСМ.

Тој повтори дека има понуда да се оди на предвремени избори доколку ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да ги комплетира уставните измени.