Одговори на новинарски прашања, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Прашање: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува дека ќе води позитивна кампања и дека воедно ве обвини дека вашата кампања е полна со омраза, со говор на омраза. Како ќе најдете заеднички сили да водите сепак и двете страни една позитивна кампања?

Одговор: СДСМ како и досега ќе води позитивна кампања тоа ме го покажале и сме го докажале во низата циклуси на избори дека СДСМ секогаш водела позитивна кампања. Имаме одлични резултати кои што се постигнати во изминатите 4 години со реализирани над 7.000 проекти, тоа е фокусот да резлизираме секако проекти и фокусот на оваа кампања секако ќе биде интересот на граѓаните. Црнила, мракови, лажни вести, деструкција, блокади, кочници, злоба, етикетираање тоа е се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е партија која што воопшто не е реформирана и секако и во оваа кампања не може од нив да очекуваме ништо повеќе.

Прашање: Еве меѓусебно се обвинувате, како ќе најдете заеднички јазик за да ја нема таа омраза во јавноста во текот на кампањата?

Одговор: Ние зборуваме за ширење на лажни вести, зборуваме за деструкции, зборуваме за блокади, зборуваме за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што јавно се декларираат, зборуваат дека се антиваксери и кажуваат дека нема да примаат вакцина. Значи тоа не е обвинување, тоа е еден апел уште еднаш да се однесуваат конструктивно и да се вклучат навистина во позитивна кампања не само за локалните избори и не само за избори, туку да се вклулчат о сите процеси кои што сте добри и се од интерес на граѓаните и на државата, тогаш може да се најде заеднички јазик, секако. СДСМ како што кажав држи позитивна кампања како и секогаш, фокусот ни се реализираните проекти, фокус ни се проектите кои што ќе ги понудат кандидатите за градоначалници кои што наскоро ќе настапат и со своите програми и секако интересот на граѓаните.