Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи откри дека компанијата што ја понуди ВМРО-ДПМНЕ за поевтина набавка на гас не ги исполнувала условите.

-Таа компанија воопшто не ни понуди банкарска гаранција. Тие сакаа да направат договор во четири очи што е во спротивност со законот за јавни набавки. Тоа е својствено за ВМРО-ДПМНЕ, ние тоа нема да го прифатиме и тоа на сите нека им биде јасно, кажа Битиќи во гостувањето во „Само вистина“.

Вицепремиерот додаде дека компанијата што ја понуди ВМРО-ДПМНЕ нудела единствено руски гас, додавајќи дека од јануари во земјава ќе започне да се користи гас кој не доаѓа од Русија.