„За 30 години независна Македонија изградила само, како држава кажувам, преку државната компанијата ЕСМ, изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати. Сето тоа останато што се изгради во енергетскиот сектор, се приватни инвестиции од приватниот сектор. Домашни компании, има и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека изминатите 30 години, ради кусогледи политики, евтин популизам не градеше ништо.

„Државата во изминатите 30 години, заради кусогледи политики, заради евтин популизам, од аспект- не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената, ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и да го изгаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ рече дека во отие 30 години, ако сме сакале, ако сме можеле и биле мудри ќе сме направеле и гасна електрана, и Чебрен, но не се направени.