Биолошки сигурносен кабинет – зголемена безбедност во микробиолошката лабораторија на ЈП Водовод и канализација - Скопје
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Биолошки сигурносен кабинет – зголемена безбедност во микробиолошката лабораторија на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во чии рамки работат микробиолошка и хемиска лабораторија, ја зголеми безбедноста во рамки на микробиолошката лабораторија со набавка на биолошки сигурносен кабинет.

Биолошкиот сигурносен кабинет (БСК) е најефикасен и најчесто употребуван уред за работа во микробиолошка лабораторија каде е можна појава на инфективни агенси. Биолошкиот сигурносен кабинет претставува уред кој овозможува блокирање на понатамошното ширење на инфективните материјали кои се ослободуваат во вид на аеросоли при работата на микробиолошките постапки. Овој кабинет поседува вграден ХЕПА (high-efficiency particulate air filter) филтер кој задржува 99.97% честички со дијаметар од 0.3 µm и 99.99% поголеми и помали честички. Со таа своја функција ХЕПА филтерот ефикасно ги запира сите познати предизвикувачи на инфекции, а надвор го испуша воздухот чист, ослободен од сите видови микроорганизми.

„Работата во акредитираните лаборатории во Секторот за санитарна контрола, единствени од овој тип во Република Северна Македонија, е со специфичен карактер, а таа специфичност подразбира и изложување на големи ризици. Токму затоа, се вложуваат средства не само за модернизација на лабораториите, туку и за зголемување на безбедноста на нашите вработени при изведување на сите анализи со кои се гарантира безбедноста и квалитетот на водата за пиење за нашите корисници“, – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Можеби ќе ве интересира...

Пораки од форумот: Преспанскиот договор ги дава резултатите, време е Брисел да испорача

В+

Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

В+

Културните институции со отворен влез и изложби во чест на Денот на независноста – 8 Септември

Vesti +

СДСМ обелодени: Данела Арсовска има бугарско државјанство!

В+

Работна посета и средба на Комитетот за односи меѓу заедниците на АОПЗ

Vesti +

СДСМ објави нов скандал: ВМРО-ДПМНЕ се обиде да саботира тајна полициска акција во Битола во која беа уапсени двајца, полни со хероин

В+