На 29.07.2022 во 08.55 часот во Гостивар, на ул.„Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект, патничко возило „поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.А.(33) од Гостивар удрило во велосипедист Д.Ц.(71) од Гостивар.

По несреќата велосипедистот Д.Ц. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.