Денеска (30.03.2024) во 00.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(29) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (30.03.2024) во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (30.03.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода А.К.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.