На 07.02.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода лице(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

На 07.02.2024 околу 21.00 часот во близина на хотел во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ лишиле од слобода лице(21) од Скопје. Околу 20.00 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање. Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот „Јаворица“ ги истоварил мигрантите. После тоа, се вратил назад на автопатот А1 во правец Скопје – Гевгелија и во 21.00 часот бил запрен и лишен од слобода. По пребарување на теренот биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (08.02.2024) во 01.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.02.2024 во 17.15 часот на ул.„Горан Миноски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода лице(42) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе таблети трамадол. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.02.2024 во 16.00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот ги привеле А.Ф.(24) и У.Х.(21), двајцата од Република Турција. По извршени проверки и службен разговор со нив било констатирано дека илегално влегле во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.