Премиерот на државата Димитар Ковачевски речиси секојденвно им најавува на граѓаните, дека од следната година ќе се живее подобро отколу во оваа кризна година.

Истото преку соопштенија и прес-конференции, го повторуваат и од неговата партија СДСМ.

Таквите оптимистички најави, социјалдемократите ги темелат на предлог Буџетот за 2023 година, како и на проекциите на меѓународните финансиски институции.

Европската банка за обнова и развој за следната 2023 за Македонија проектира раст на економијата од 2.3 отсто, што е многу повисоки од нивните проекции за економиите на ЕУ, за кои велат дека просечно ќе растат за 0.3 отсто во следната година.

Како аргумент за подобар живот следната година СДСМ и Ковачевски го користат и Буџетот за 2023 година кој треба да биде усвоен од пратениците, а за кој опозицијата како и секогаш претходно, има низа критики.

Според планираното, во расходната страна од Буџетот зголемени се средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери, додека проектираниот дефицит се намалува за 0.7 процентни поени споредено со овогодишниот.

Според Законот за минималната плата, таа во март следната година треба да порасне за 10 отсто, или за 1.800 денари со што ќе дојде на ниво од без малку 20.000 денари.

Од истиот месец, месец март согласно новата методологија, треба да додје и до раст на пензиите, некаде во висина од шест посто.

Имајќи го предвид овој амбицизен план, Владата уште на први јануари треба да се впушти во собирање доволно пари, за да има редовна исплата на зголемените плати и пензии, но и за навремена исплата на тековните расходи.

На тој пат, Владата силно смета на странските директни инвестиции и отворањето на нови работни места, кои освен намалување на невработеноста, во Буџетот носи плус средства преку даноците и придонесите.

Амбициозен е и планот за капитални инвестиции кои за следната година се предвидени на околу 800 милиони евра, пари што ќе завршат во македонската економија преку изградба на комунални проекти, јавни објкети и патишта.

Но следејќи го нивото на реалзација на капиталните проекти во изминативе години, Владата треба сериозно да се посвети што е можно повеќе од тие 800 милиони евра во реалноста да бидат и реализирани.

Доколу тоа успее, доколку успеат иницијативите за отворање на нови фабрики, но и енегетски капацитети, реално е во следната 2023 граѓаните да живеат подобро, да добиваат повисоки плати, за да можат да се носат со инфлацијата за која се претпоставува деке ќе продолжи да расте, но со далеку позабавено темпо од она што се случува есенва.

извор: 24инфо