И дизелот дојде на ниво како пред војната во Украина, па сега се точи по 79,50 денари за литар, што е 35 денари поевтино од максимумот кој беше достигнат пред неколку месеци.

Компаниите кои ги вивнаа цените на производите поради поскапувањето на струјата и нафтата, сега ќе мора да ги спуштат цените на своите производи бидејќи најважните инпути гориво и струја им се драстично намалени.

Да потсетиме дека околу 200 компании од прехранбената индустрија од први декември користат екстра-ефтина елеткрична енергија која е и до пет пати поевтина од берзанската, а субвенцијата ја дава Владата со цел да се намали цената на основните прехранбени продукти.

Деновиве е забележано намалување на цените на голем број производи од познати брендови како на пример, лебот, маслото, млекото… но со падот на цената на струјата и нафтата намалувањето би требало да биде позначително и да се почуствува во втората половина од месецов.

Инспекциите со полни раце работа, државата решена да ги заштити граѓаните
Граѓаните секојдневно пријавуваат злоупотреба и профит од страна на дел од маркетите и компании за прехранбена индустрија,а инспекциите имаат полни раце работа.
Компаниите кои прават воен профит на оваа голема криза ќе се соочат со многу строги казни.

Државата ќе ги заштити граѓаните со тоа што нема да има милост за воените профитери, пишува Centar.mk.