На 21.07.2022 од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица, патнички возила и угостителски објекти на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите во угостителски и хотелски објекти, реализирани во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи е утврдено точење на алкохол на малолетни лица, непоседување на документација за работа на еден угостителски објект, во кој се затекнати четири лица како извршуваат работни задачи, а за кои не постои документација дека се вработени. Констатираните неправилности ќе бидат соодветно санкционирани.

При контролите, по преземени дополнителни мерки, лишен од слобода е и Н.Д.(36) од Скопје, кој се сомничи за повеќе извршени кривични дела. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка, по чие документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.