На 04.09.2022 во 18.40 часот на автопатот Штип – Миладиновци, кај наплатна рампа Кадрифаково, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, запреле и извршиле контрола во товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(46) од с. Црешево, скопско.

При контролата, во возилото биле пронајдени 15 свињи, кои ги купил од лице од с.Крупиште, општина Карбинци, а за кои не поседувал документација за потекло и здравствена состојба, што е спротивно на пртоколите и решението на Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување на ширење на заразната болест кај свињите позната како африканска чума. Од претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство свињите биле одземени и ќе бидат уништени, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.