На 07.08.2025 во 20:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (67) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешаците Г.Т.Т.(61) и С.Н.(58), двете од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Т.Т., додека со телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.