Со свеќа запалена со Благодатниот Оган од Светиот гроб во Ерусалим се придружив на македонските верници во Струмица, во Црквата „Свети Кирил и Методиј”, на полноќната Велигденска Света литургија и традиционалната православна литија околу храмот, соопшти министерот Оливер Спасовски.

-Обединети со Светата Светлина, токму на полноќ кога камбаните бијат, со радост сите заедно извикуваме Христос Воскресна – Навистина Воскресна!, порача Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.