АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија, соопштија владините служби.

„Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh“, се потенцира во владиното соопштение.

Според Владата, АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволило потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво, како што се напоменува, од сопствените, домашни капацитети.