ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, ја известува јавноста дека поради тоа што 24 октомври понеделник е неработен ден, нема да се врши наплата на зонските паркиралишта, освен за зона А0 Водно, кадешто продолжува редовно наплаќање за паркирање.

Со редовна работа и наплата исто така, ќе продолжат двете катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и Клинички Центар „Мајка Тереза“.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.