Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците од општините Студеничани и Гази Баба, соопшти РЦУК по озвестување од ЕВН Македонија АД.

Во период од 8:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците дел од с.Љубош во општина Студеничани, а во период од 09:30 до 11 часот корисниците од ул. 1 и 2 од Идризово (место викано Торта Маало) во реон на ТС Идризово 5 во општина Гази Баба.

Во период од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.„Габреш“ бр. 4, 6, 16, 18 и 19, потоа ул.„Ташко Караџа“ бр. 19 и 24, амбуланта во Автокоманда, ул. „Лазар Поп Трајков“ бр. 25, 26, 27, 29, 31 и 33, пекарите и продавниците на истата улица во општина Гази Баба, а во период од 08:30 до 15:30 часот корисниците од ул. „Лазар Поп Трајков“ бр. 24, 25, 27, 29 и 31 во истата општина.