Колона оклопни возила на специјалната полиција од Приштина утрово е забележана како се движи во правец на северно Косово, пишува „Косово онлајн“.
Според „Репортерс“, полицијата масовно се упатила кон Митровица каде за денеска е најавен протест на Србите поради забраната за гласање на изборите на 3 април.
Оваа вест ја објави и „Лајми“, а се повикуваат на ТВ Дукаѓини.
Најчесто оклопните возила на РОСУ прво се собираат во базата Белведере во Јужна Митровица, по што се распоредуваат на северот на Косово и Метохија.
За денеска во 12 часот се закажани мирни протести на Србите во Грачаница и Косовска Митровица поради одлуката на владата во Приштина и тамошниот премиер Албин Курти да не се одржат избори на северот на Косово и Метохија кои во Србија се одржуваат на 3 април.