Како што поскапуваат горивата, крадците пронаоѓаат нови начини како да ги наполнат резервоарите на автомобилите, а камерите забележале една таква кражба.

Видеото е снимено во Велика Британија и прикажува човек со качулка како доаѓа на бензинска пумпа со кофа. Потоа полни безоловно гориво во вредност од 143 фунти по што лежерно заминува додека луѓето гледаат шокирани, пишува британски „Дејли мејл“.

Во реакциите еден од набљудувачите вели: „Не ми се верува. Кој користи канта за ѓубре за да краде бензин? Тоа е апсолутно лудо. Мора да е некој од околината бидејќи очигледно само ја повлекол кантата за ѓубре“.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека полицијата добила пријава за две кражби на бензин од иста бензинска пумпа, а во двата случаја лица влегле во фоајето и украле гориво користејќи канта за ѓубре со тркала.

https://www.youtube.com/watch?v=UdhwuFmcG2w