На 24.02.2022 во 20.00 часот на ул.„Гемиџиска” во Скопје, Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(61) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.