Горан Герасимовски беше долго во Капиштец и затоа мислам дека многу добро ги знае сите проблеми но и маани би рекол на своите претходници, вели Петар Младеновски од Суперхикс за кандидатот за градоначалник на општина Центар.

„Горан е човек кој помага на сите безусловно, им се нашол на многу луѓе во многу ситуации и затоа сметам дека ќе ја добие поддршката не само од граѓаните во Капиштец туку од Центар воопшто“, изјави Младеновски.

Вие знаете дека јас никогаш не сум поддржал ниту сум застанал зад некој политичар кога станува збор за нивните кампањи но еве го правам тоа за Горан затоа што го познавам многу долго и верувам дека ќе го направи тоа што го ветува, вели Младеновски.