На 17.09.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат с.Танушевци-с.Бродец, патничко возило „киа рио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(58) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека малолетна сопатничка и С.С.(49) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.