Здравите љубовни врски не се случуваат сами по себе, туку бараат многу напор, работа и посветеност. Кога луѓето стапуваат во врска, во повеќето случаи имаат намера да останат во неа што е можно подолго. Сепак, да се за заљубиш и да влезеш во врска е лесно, но одржувањето на таа врска не е толку едноставно …

Дефинитивно е јасно дека не постои рецепт за среќна врска, но дека постојат некои работи без кои едноставно нема да успее, ни е јасно одамна. Ако вашата врска со некого трае, тоа значи дека ги делите истите интереси, доверба, разбирање, но и љубов и страст.

Експертите за врски издвојуваат три квалитети кои се најважни и кои паровите треба да ги негуваат за да имаат среќна, здрава и долга љубовна врска.

1. Простување

Простувањето на некого не е ни малку лесно, а на себе си е најтешко. Во одреден момент од врската, намерно или ненамерно може да ги повредите емоциите на партнерот. Кога тоа ќе се случи, клучно е прво да си простите себеси, а дури потоа да очекувате прошка.

Кога поминувате низ тешки зборови или дејствија со вашиот партнер, вие всушност учите од грешките заедно и ја надградувате вашата врска. Простувањето е доблест и треба да уживаат сите, не само луѓето во емоционални врски.

2. Благодарност

Суштината на љубовта е дека вие сте секогаш едни за други. Затоа еден од основните показатели за љубовта е благодарноста. Ако си покажете колку сте благодарни за секој момент заедно, или за некој убав гест, ќе направите вашиот партнер без сомнение да се чувствува сакан.

Истражувањата покажаа дека голем процент на парови кои искажуваат благодарност секој ден се способни побрзо да ја надминат кризата, со заедничка работа, во споредба со другите парови.

3. Искреност

Искреноста не е лесна задача, особено ако се плашите дека врската е во опасност. Кога партнерите се познаваат доволно добро, сигурно ќе забележат чудно однесување кај другиот. Говорот на телото и бојата на гласот се само некои од знаците што не издаваат кога лажеме.

Во здрави врски, нема простор за лаги, дури и за најситни детали, бидејќи довербата се губи во нив.