Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.07) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Ченто изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, четири за користење мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.