Јавното обвинителство поведе истрага против 52-годишен жител на гостиварското село Топлица, осомничен за обид за убиство при семејно насилство врз неговата сопруга.
Надлежниот јавен обвинител предложил определување притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и можност за довршување на кривичното дело.
За предложената мерка треба да одлучи надлежниот суд. Осомничениот се смета за невин до донесување правосилна судска пресуда.