Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации низ Македонија, полициски службеници лишиле од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.
Според МВР, пет лица управувале возила без положен возачки испит. Станува збор за 19-годишник од Скопје, 33-годишник од Мојанци, 21-годишник од Матка, 30-годишник од Вражале и 58-годишник од Македонска Каменица. Последниот бил и под дејство на алкохол.
Со активна забрана за управување моторно возило управувал 25-годишник од Скопје.
Дополнително, 64-годишник од селото Возарци, кавадаречко, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.