На 25 ноември 2026 година во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 43-годишен жител на Куманово.
Според полицијата, тој не го почитувал решението на Основниот суд Куманово и ја навредувал својата поранешна сопруга, со што ја прекршил изречената забрана.
Мажот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.