Прес на Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО ДПМНЕ:

Бетон Герасимовски повторно преку општинскиот Буџет издвоил пари за мерка, која ниту е реализирана, ниту се реализира, а парите ги нема никаде.

Станува збор за проектот „Пензионерите за децата“, со кој треба да се обезбедат бесплатни дополнителни часови за учениците од седмо, осмо и деветто одделение. Предвидено е ангажирање на пензионирани професори и експерти за предметите математика, физика, информатика и странски јазици.

За овој проект се предвидени 700.000 денари, а како период на реализација е наведен периодот од септември 2026 до јуни 2027 година.

Но, еве, веќе на крајот на месец ноември, и само на 40-тина дена пред крајот на 2026 година, ниту има пријавени професори, ниту има одбрани професори, ниту се има разговарано за оваа точка на советот на општината Центар, ниту пак овие 700 илјади денари се пренаменети за друга мерка.

Едноставно, дали овие 700 илјади денари исчезнале од општината, или пак завршиле во нечив џеб? Каде е повикот за пријавување на професорите кој требало да биде завршен во март 2026 година? Дали учениците во училиштата добиваат дополнителни часови како што им вети Герасимовски?

Очекуваме одговори, а не демагогии и флоскули.

 

Линк од видео материјал:

https://youtu.be/lkVw7Zd0Jmw

 

фото ВМРО ДПМНЕ