На 26 ноември 2026 година во 01:10 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 44-годишен жител на градот.
При извршен полициски преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во доставеното полициско соопштение не е наведено количеството на одземената дрога.