Соопштение на Левица:

Најновото истражување на ИРЛ повторно ја разоткрива мрачната страна на бизнисот со таканаречените „брзи кредити“ – граѓани заробени во должнички лавиринти, скриени провизии, енормни трошоци, закани и притисоци врз целите семејства.

Во првата половина од 2026 година имало 263.423 активни кредити од небанкарски финансиски друштва, а вкупниот долг на граѓаните достигнал 237 милиони евра. Стапката на потенцијално ненаплатливи кредити пораснала на 7%, речиси трипати повеќе од онаа во традиционалниот банкарски сектор.

Истражувањето документира и вознемирувачки сведоштва за наплатувачи кои со закани ги притискаат должниците, ги вознемируваат нивните семејства, бараат пари од нивните најблиски и се закануваат со одземање покуќнина. Должничкиот однос не е дозвола за заплашување и самоволна наплата!

Особено лицемерен е односот на ДПМНЕ, чии пратеници во опозиција бараа построг надзор врз финансиските друштва и префрлање на надлежностите на Народната банка.
Денес, кога се на власт, реформите изостануваат, додека граѓаните тонат во долгови. Во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година биле казнети само 18 финансиски друштва.
Кога сиромаштијата станува профитабилен бизнис, власта не смее да остане нем набљудувач!

Левица нема да молчи додека финансиската немоќ на граѓаните се претвора во извор на профит, а нивното достоинство се гази преку должнички притисоци и заплашувања.