„Кога станува збор за врсничкото насилие, бројките на пријави на врсничко насилие во Министерството за образование и во Министерството за внатрешни работи се разликуваат, но јас ќе зборувам за она што се случува во образованието“, рече Весна Јаневска, министер за образование и наука на вечерашниот настан во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, во организација од Унијата на жени, Градскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние, генерално, годишно имаме 50 до 60 пријави на врсничко насилие и тие ги процесуираме по протокол. Мојот впечаток е и за врсничкото насилие, но и за сето друго, особено ова врз жените постоело, а наша задача е да го сведеме на минимум“, рече Јаневска додавајќи дека ние не сме единствената изолирана земја во која се појавуваат овие девијантни појави.
Она што сакам да го кажам и што за мене е многу впечатливо, додаде Јаневска, дека насилието станува се по брутално и бруталноста на насилниците, навистина, изненадува.
„Оттука, јас не се сеќавам, кога јас бев млада имаше насилие, но немаше гасење цигари од кожата на жртвата, немаше присилно, насилно соблекување на жртвата, немаше понижување кога моли и мора да моли жртвата за милост за да не биде физички повредена. Но сега, јас се радувам што за ваквите појави зборуваме. Во минатото ниту жените, но ниту наставниците и родителите зборуваа за ова. Отворената дискусија на оваа тема, де факто, води кон напредок. Колку и да е тежок периодот, колку и да е мачен периодот, еве сме се собрале да бараме решение.
Јаневска додаде дека решенија постојат, но нивната примена треба да ја активираме и интензивираме.
„Она што ние го правиме во училиштето, прво за врсничкото насилие, е активна и агресивна борба против врсничкото насилство што со години наназад не сме ја виделе. Првенствено, веднаш кога дојдовме на власт ние донесовме Закони за основно и средно образование во кои ги задолживме училиштата во својата годишна програма, обврзно да имаат програма во која ќе работат со учениците против врсничко насилство и против сите други видови на дискриминација, затоа што насилието претставува еден вид на дискриминација. И тие се сега задолжени и тоа го прават“, истакна Јаневска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ