На 23.11.2026 во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување медицинска помош бил донесен 62-годишник од с. Ињево, радовишко, кој, според пријавеното, со повредите се здобил при извршување работи во плац за дрва.

Лицето било пренесено во Медицинскиот центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.