На 23.11.2026 во 16:50 часот во СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 40-годишник од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга дека подолг период физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани со огнено оружје.
Тој е задржан во полициската станица и со потврда биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми и дозвола за поседување оружје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.