Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 62-годишник од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 29.10.2026 во адвокатска канцеларија, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал 50-годишник од с. Градец додека извршувал работни задачи.