На 23/24.11.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица од Скопје на возраст од 29, 18, 37, 38 и 26 години и 19-годишник од Неготино, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста портокалова материја и течност.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.