На 21.11.2026 во 19:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 41-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 17:30 часот пред здравствена установа на подрачјето на општина Аеродром, заедно со неговиот 62-годишен татко, по претходно недоразбирање, физички нападнале лекар и медицинска сестра.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.