Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 35-годишник од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
По претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и ѝ упатил закани на неа и нејзиното семејство.