Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 45-годишник од делчевско село поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.

На 07.11.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот го навредувал своето 13-годишно дете, а на 08.11.2026 се обидел да го нападне со стаклен предмет, по што настанала пресметка помеѓу нив.