На 19.11.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишија од слобода 24-годишна жена од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот сопруг дека во семејниот дом го нападнала со остар предмет.
Таа е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.