На 14.11.2026 во 14:26 часот на ул.„15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода лице на возраст од 44 години од Охрид.
Тој, претходно бил учесник во сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки кое го управувал и автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 67 години од охридското село Лескоец.
При извршено алкотестирање, полициските службеници кај 44-годишникот констатирале 3,05 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.