Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 64-годишен жител на с. Мустафино, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 30.10.2026, пријавениот предизвикал пожар со палење на стрниште на парцела со површина од околу 20 декари во атарот на с. Мустафино, светиниколско.