Полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 34-годишен жител на Кичево, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без да поседува возачка дозвола.
На 11 ноември 2026 година, во 21:30 часот, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полицијата сопрела патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот кичевчанец.
По извршените проверки, полициските службеници констатирале дека возачот не поседувал возачка дозвола, по што бил лишен од слобода. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.