Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 36-годишен жител на Прилеп, откако при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Според полицискиот билтен, на 12 ноември 2026 година, во 00:30 часот, на улицата „11 Октомври“ во Прилеп, полициските службеници извршиле преглед на 36-годишниот прилепчанец, при што ја пронашле и одзеле прашкастата материја.
Мажот бил лишен од слобода, а од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.