На 10.11.2026 во 14:30 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово лишиле од слобода три лица од Берово, на возраст од 20 и 30 години, како и 17-годишен малолетник.

Според полициските информации, при извршен преглед, непосредно до нив била пронајдена и одземена марихуана.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.