Во текот на 10 и 11 ноември 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град лишиле од слобода шест лица, кај кои биле пронајдени и одземени различни материи.
Меѓу приведените се четворица жители на Скопје на возраст од 33, 33, 35 и 18 години, како и 23-годишен жител на скопското село Огњанци и 37-годишен жител на Свети Николе.
Според полицискиот билтен, при преземените мерки кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, грутчеста материја и марихуана.
По целосното документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.