На 11.11.2026 во 01:55 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 23-годишен жител на Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал 23-годишниот маж. При извршената проверка било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.