СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 45 и 49 години, двајцата од селото Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациите од полицијата, на 7 август 2026 година, во Мала Речица, двајцата пријавени физички нападнале 25-годишен жител на истото село.

По преземените мерки и документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајцата осомничени.