СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против 26-годишен жител на Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 8 ноември 2026 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Гевгелија. При претресот биле пронајдени и одземени амфетамин, кокаин, марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По преземените мерки, 26-годишникот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија.
Според информациите од полицијата, при постапувањето било утврдено и дека на 7 ноември, во својот дом, пријавениот му овозможил на лице од Струмица да користи амфетамин. За случајот бил известен јавен обвинител, а по поднесувањето на кривичната пријава, судија од Основниот суд Гевгелија му определил мерка куќен притвор.