ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 22-годишен жител на дебарско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Според информациите од полицијата, на 13 август 2026 година, пријавениот воспоставил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со својот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом.
По преземените мерки, тим составен од полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи извршил службени разговори во присуство на член од семејството на малолетничката. По спроведените активности, 22-годишникот бил лишен од слобода, а против него била поднесена кривична пријава.