СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на селото Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според информациите од полицијата, на 27 октомври 2026 година, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот во селото Селце.

При претресот била пронајдена и одземена марихуана. По преземените мерки и документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишникот.